Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Во Дебарско лани се родиле 148 бебиња, од нив 132 во Општина Дебар и 16 во општина Центар Жупа

На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, минатата година на свет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, минатата година на свет дошле 148 бебиња, што е за 28 бебиња помалку споредено со претходната година.

– Од вкупниот број 132 се во Општина Дебар, наспроти 153 претходната година. Гледано по населено место 117 се во градот, шест во село Џепиште и девет во селата Могорче, Долно и Горно Косоврасти.  Во Општина Центар Жупа се 16 новороденчиња или седум помалку споредено со 2023 година, информираа од Општата болница со проширена дејност во Дебар.

Како и изминатите години повеќе од мајките своите рожби на свет ги донеле во гинеколошките одделенија во општите болници во Охрид и Струга, како и во здравствени установи во Скопје, Тетово и други градови во државава.

Реклама

Во гинеколошкото одделение во нашата болница, која со својата активност ги покрива двете општини, лани има само шест новороденчиња, што е за едно повеќе од 2023 и 12 бебиња помалку, споредено со 2022 година, додаваат од болницата.

Намалувањето на наталитетот се должи на масовното иселување на младата популација во земјите на Европската Унија и во Соединетите Американски Држави. Тука секако е и определбата на семејствата да имаат две, најмногу до три деца, наспроти некогаш кога едно семејство имало и по четири, пет и повеќе деца.