Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Во Дебар одбележан Денот на албанската азбука

Со неколку настани  во Дебар традиционално беше одбележан Денот на албанската азбука,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со неколку настани  во Дебар традиционално беше одбележан Денот на албанската азбука, 22 ноември.

Делегација на општина Дебар, предводена од градоначалникот Фисник Меља и претставници на училиштата во градот, оддадоа почит со полагање цвеќе на споменикот на азбуката, каде се и бистите на албанските преродбеници, Саид Најдени и Јосиф Багери, што се наоѓаат во центарот на градот.

-Денеска го одбележуваме еден од најважните моменти во нашата национална историја – усвојувањето на албанската азбука на Конгресот во Битола. Овој ден го симболизира единството, визијата и решителноста на нашите преродбеници, кои му дадоа на нашиот јазик заеднички стандард и го отворија патот на современото албанско образование, рече меѓу другото Меља.

Реклама

Додаде дека „азбуката е темел на нашето знаење, култура и идентитет”. 

– Преку неа, сегашните и идните генерации учат да ја пишуваат својата историја и да го продолжуваат нашето јазично и национално наследство. Да го славиме овој ден со почит кон делото на нашите предци и со посветеност на зачувување, развој и чествување на албанскиот јазик,  порача Меља.

Градоначалникот присуствуваше и на приходната програма организирана од Центарот за култура, активност  збогатена со уметничка програма, рецитал и културни презентации подготвени од образовните и културно-уметничките институции на градот.

Со соодветни културно уметнички настани денот го одбележаа и училиштата во градот.

Денот на албанската азбука преку објави на Фејсбук го честиташе и Медат Куртовски, градоначалник на општина Маврово и Ростуше.