Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Во Дебар лани прибрани 236 крвни единици или 67 помалку од претходната година

Дебарската општинска организација на Црвен крст информираше дека минатата година во  двете…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дебарската општинска организација на Црвен крст информираше дека минатата година во  двете општини, кои ги покрива со својата активност, Дебар и Центар Жупа, прибрани се вкупно 236 крвни единици, што е за 67 помалку споредено со претходната година.

-Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, минатата година реализиравме пет акции за доброволно крводарување, во кои, како и дадени едници во итни случаи, се прибрани 236 крвни единици, што е за 67 помалку во однос на претходната, или 117 помалку споредено со 2022 година. Тоа како последица на масовната миграција во нашиот регион, од каде во светот заминаа многу редовни крводарители, но и млади кои се потенцијал да станат доброволни крводарители, изјави Исни Телќиу, секретар на организацијата.

Според него, иако има намалување на бројот на собрани крвни единици, Дебар останува во општините со високи бројки на доброволни крводарители, ако се има в предвид реалната бројка на жители.

Реклама

Оценува дека влијание има и непостоењето на кабинет за трансфузиологија при Општата болница со проширена дејност во Дебар, кој функционираше пред повеќе од две децении.

-Доколку функционира кабинет, сите оние кои добиваат лекарска препорака дека треба да даруваат крв или покажат лична подготвеност за тоа, ќе може тука да ја подадат раката и да ја даруваат течноста што живот значи. Вака треба да патуваат до некој од соседните градови, оценува Телќиу.

До пред една деценија во Дебар се прибираа и над 800 крвни единици, но последните години просечно тоа е 300 до 400. Годишниот план е 640 крвни единици.