Реклама

Мицкоски од Вашингтон: Стоиме рамо до рамо со САД

„Цврстата“ Јотова ја омекнаа во Стразбур: Парче хартија била причината за непочитување на правата на Македонците во Бугарија

Распишан е првиот дел од „БРТ“ во Скопје: 12,8 километри од Ѓорче Петров до Ново Лисиче

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Македонија ги надмина плановите за енергетска транзиција кон обновливи извори, констатација на меѓународната заедница

Крај за „замижувањето“ на граници – телесни камери ги следат цариниците, патниците и превозниците

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Македонија

Во Чашка откриена скулптура на бранителот Дејанчо Богдановски

Во новоименуваниот парк „Дејанчо Богдановски“ во населба Чашка, со одлука на Советот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во новоименуваниот парк „Дејанчо Богдановски“ во населба Чашка, со одлука на Советот на Општина Чашка, во присуство на семејството  градоначалникот Горан Стојановски и претставници на општината, неделава е откриена  скулптура во негова чест, а по идејно решение на уметникот Озбек Ајваз насловена како „Гласникот на мирот”, информира денеска, градоначалникот Горан Стојановски, кој појасни дека на барање на семејството не биле поканети медиумите.

Стојановски информира дека скулптурата не зборува со зборови, туку со тишината на металот, со јазикот на раната и сеќавањето.

Ова уметничко дело го претставува гулабот, универзален симбол на мирот кој во својот клун носи маслиново гранче.

Реклама

Уметникот Озбек Ајваз, пак, појасни дека скулптурата е создадена од остатоци – парчиња отпаден метал, лим и железо. – Тие се материјали кои животот ги оставил зад себе студени, рѓосани, заборавени, но токму од тие парчиња, од тие траги на минатото, се роди форма што повикува на мир, сеќавање и почит, посочи Ајваз.

Инаку Дејанчо Богдановски е македонски бранител, војник на АРМ, роден на 27 февруари 1980 година во Чашка, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 24 март 2001 година.

Тој е еден од шестемина велешки бранители кои го положија својот млад живот за територијалниот суверенитет и интегритет на Република Македонија. Посмртно бил одликуван со медал за храброст  од Претседателот на Македонија.