Реклама
Прилози

Во Брисел се редат повеќе предлози за укинување или барем за заобиколување на апсурдните вета

Македонија повторно на европска раскрсница – во што попрво да верува –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија повторно на европска раскрсница – во што попрво да верува – фазно членство„, „членство без право на глас„, „арбитражна комисија за вето„, квалификувано мнозинство. Додека во Брисел се редат предлозите за укинување или заобиколување на апсурдните вета, пред се заради Украина, дома повторно се отвора прашањето – дали треба да почека појасна слика за иднината на Унијата пред да се спроведе најбоната точка – уставните измени.

Според експертите, Македонија не треба повторно да прави крупни политички отстапки без јасни гаранции дека процесот нема повторно да биде блокиран со нови барања и условувања. Особено по искуствата со грчкото и бугарското вето. Чилиманов оценува дека секој чекор напред на Македонија е значаен за евроинтегративниот пат.

По долгогодишни блокади вета и политички условувања, во европските институции веќе сериозно се разговара за механизми што би спречиле една земја-членка да може сама да го кочи патот на држава кандидат. Се споменуваат модели како фазно членство, постепена интеграција, арбитражни комисии и билатерали спорови и носење одлуки со квалификувано мнозинство, наместо со едногласност.

Реклама

Според експертите, Македонија мора да го искористи позитивниот момент кој владее во Унијата за проширувањето.

И не се само идеите за внатрешни реформи. Многумина во ЕУ сметаат дека не е фер Украина да се стави на брза лента, а други земји кандидати да чекаат со години.По словачкиот премиер Фицо, сега и новиот унгарски премиер Маѓар порача дека не е фер земјите од Западен Балкан со години да чекаат, а Украина да оди преку ред…Според него, ЕУ прво мора да си го одржи зборот кон Балканот, па дури потоа да отвора нови ветувања.

Ист став и од Социјалистите и Демократите во Европскиот парламент. Тие бараат сите кандидати да бидат третирани подеднакво. Ако Украина добие олеснувања или забрзан пат, тоа мора да важи и за Македонија и за останатите земји кандидати.