Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Во Битола промовиран женскиот алманах за култура и урбано живеење „Муза“

„Муза“ има амбиција да биде инспиративен водич и информативна платформа на сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Муза“ има амбиција да биде инспиративен водич и информативна платформа на сите жени од сите сфери на нашето живеење, кои ја менуваат и збогатуваат нашата култура и општество, истакна Илија Талев, главен уредник на женскиот алманах „Муза“.

На промотивниот настан во Битола, Талев посочи дека со првиот број на „Муза“ се покажа дека во нашето општество има жед за нови перспективи, особено за приказните кои ги слават жените како креатори на промени.

-Со вториот број,  „Муза“ се зацврстува како медиум кој потикнува интеракција, инсирација, размена на идеи и културен ангажман, со кој се збогатува нашето општество. Со „Муза“ официјално ја започнуваме мисијата на охрабрувајќи жените да ги следат своите страсти во полето во кое делуваат и да го менуваат светот околу нив, нагласи Талев.

Реклама

Во вториот број на „Муза“ поместени се интервјуа со жени естрадни уметници, ликовни уметници, архитекти, актерки, а со свои колумни застапени се истакнати жени промотори на женскиот активизам.