Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Во Битола презентирани меѓународни стручни мислења за изградба на гондола на Пелистер

Експерти од Словенија и Франција на работилница во Битола организирана од локалната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Експерти од Словенија и Франција на работилница во Битола организирана од локалната самоуправа денеска презентираа стручни мислења за изградба на туристичка гондола на Пелистер.

Планината Баба со врвот Пелистер се исклучителна атрактивна локација за изградба на гонодола, чиј капацитет за превоз на туристи може да достигне до илјада лица во еден час, предочи словенечкиот ексоерт Франц Фурлан.

– За Пелистер најпрактична е кабинска жичница со капацитет од илјада лица на час и со брзина од 7 метри на час бидејќи со таква динамика е најстабилна и при силен ветер. Во секоја кабина може да се сместат максимум 10 лица и тоа е доволно за конфорен превоз и набљудување на убавините на Пелистер, кој на еден дел од пределите нуди амфитеатарски поглед на планината, која според проектот би имала и повеќе скијачки патеки – посочи Фурлан.

Реклама

На денешната работилница во Советот на Општина Битола експертите во предложениот матер план посочија три стартни локации на гондолата, односно поаѓање од селата Трново, Цапари и Нижополе.

– При изградбата на гондолата треба да се избегнат сите опасности што може да бидат предизвикани од снежна лавина, која често ја има на Пелистер, потоа опасности предизвикани од силен ветер и замрзнување на инсталациите, а секако треба јасно да се знае начинот за брзи спасувачки интервенции. Едноставно, за секој турист безбедноста на гондолата не смее да биде доведена во прашање – нагласи Фурлан.

Работилницата за изградба на гондола на Пелистер беше со интерактивен карактер и експерите овозможија да бидат поставени прашања од локални стручни лица и други љубители на планината.