Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Во Битола отворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интрерфест“

Со балетската претстава „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, во изведба на Националната опера…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со балетската претстава „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, во изведба на Националната опера и балет, синоќа во Битола почна јубилејното, 35-то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“.

Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и посака добредојде на светските и македонските класици кои деновиве ќе престојуваат во градот на културата.

-Убавината на класичната музика и уметност по 35-пат одекнуваат од градот на клавирите благодарение на неуморноста на фестивалските творци почитуваните уметници, брачната двојка Рибарски. Овој фестивал е особено значаен за нашите ученици од Државното музичко училиште и нивните професори кои се покажале и докажале како расадник на уметници во светот на класичната музика, нагласи Коњановски.

Реклама

Гостите од градот, државата и странство ги поздрави и уметничкиот директор на фестивалот Милица Шперовиќ Рибарски која пред свеченото отворање промовираше ликовна изложба на тема „Современа италијанска графика и цртеж“.

Јубилејното издание на „Интерфест“ вечер продолжува со концерт на Бруно Канино, легенда на италијанскиот пијанизам. Светски познатиот уметник од 20 часот ќе настапи во концертната сала на битолскиот Офицерски дом каде ќе изведе дела од Скарлати, Клементи, Петраси и Дебиси.