Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Во Битола одбележан 4 февруари, роденден на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Делегации на Општина Битола, Советот на Општина Битола, здруженија на граѓани и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегации на Општина Битола, Советот на Општина Битола, здруженија на граѓани и претставници на ОО на Сојуз на борци, денеска ја посетија спомен куќата на Гоце Делчев во Битола и одбележаа 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер.

Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола и историските знаменитости во објектот лоциран во централното градско подрачје ги одржува НУ Завод и Музеј-Битола.

-Делото на Гоце Делчев заслужува вечна почит, но истовремено не обврзува и не насочува кон она што мора да бидат нашите чекори во денешнината со кои ќе ги почитуваме и негуваме нашите јазик, култура, писмо и традиција, продолжувајќи со работа и посветеност за иднината на Македонија, посочи градоначалникот Тони Коњановски.

Реклама

Годишнината од раѓањето на Гоце Делчев беше одбележана и во истоименото основно училиште во Битола, а НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ промовира изложба на книги посветени на животот и делото на македонскиот револуционер Гоце Делчев.