Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Во Битола ликовна изложба „Антропос“ – графичка уметност, цртежи, сликарство

Во битолскиот Офицерски дом ќе биде отворена меѓународна ликовна излоба како дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во битолскиот Офицерски дом ќе биде отворена меѓународна ликовна излоба како дел од проектот: „Простори на уметност: Природа – Култура – ​​Човештво“, организирана од Институт за ликовни уметности, Факултет за уметност и образовни науки во Чешин, Универзитет во Шлезија во Катовице, Полска.

Во пресрет на вечерашното свечено отворање од КИЦ Битола информираа дека Факултетот за ликовни уметности  на Универзитетот во Шлезија е еден од најзначајните универзитети во полска  со меѓународно афирмативно значење, има воспоставено директна соработка со десет европски универзитети работејќи на создавање меѓународен мобилен универзитет. 

-Изложбата во Битола е вклучување во ова значајно културно и творечко вмрежување со што нашиот град и Културен и информативен центар-офицерски се вклучуваат во овој значаен меѓународен културен и творечки проект. На изложбата учествуваат скоро сите професори од овој универзитет кои и се значајни меѓународни ликовни творци. Организатор на изложбата од Полска е Адам Чечх еден од поистакнатите полски уметници со високо меѓународно творечко реноме, посочија од КИЦ Битола.

Реклама

Манифестација поставена во Културен и информативен центар-офицерски во Битола претставува еден од позначајните ликовни настани во овој период во Македонија поврзан со Универзитетот во Шлезија.