Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Свет

Војници на НАТО доаѓаат на Гренланд, Трамп останува на свое

Американската влада не е импресионирана од пристигнувањето на војници од земји членки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американската влада не е импресионирана од пристигнувањето на војници од земји членки на НАТО на Гренланд. „Не верувам дека војници во Европа ќе влијаат на процесот на одлучување на претседателот или дека тоа на кој било начин ќе има ефект врз неговата цел да го преземе Гренланд“, изјави портпаролката на американскиот претседател Доналд Трамп, Каролин Ливит, во Белата куќа.

Во моментов, неколку сојузници на Данска од НАТО испраќаат војници на арктичкиот остров како дел од воена извидничка мисија. Извидувањето, кое е под водство на Данска, не претставува НАТО-мисија, но земјите кои учествуваат се членки на одбранбениот сојуз. Гренланд, кој има широка автономија, припаѓа на територијата на Данска, земја членка на НАТО.

Во мисијата учествуваат и војници на германскиот Бундесвер, а војници испраќаат и Норвешка, Шведска, Финска, Велика Британија, Франција и Холандија. Некои од нив веќе пристигнале на Гренланд. Портпаролка на високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, појасни дека во случај на вооружен конфликт околу Гренланд, Германија и другите земји од ЕУ би морале да ѝ укажат помош на Данска доколку таа го побара тоа.

Реклама

Кризната средба меѓу САД, Данска и Гренланд во средата не донесе решение за конфликтот околу американските аспирации за Гренланд.