Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Затворањето на постмониторинг дијалогот со се е јасна потврда за посветеноста на Владата на патот кон ЕУ

Поголем непријател на државата од СДСМ на Зоран Заев и Венко Филипче,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголем непријател на државата од СДСМ на Зоран Заев и Венко Филипче, нема. Македонија отсекогаш најмногу патела од своите внатрешни непријатели и предавници, како што се СДСМ, Филипче, Заев и на нив другарот, внук на бугарски кмет, Андреј Жерновски, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сменија устав, име на држава, потпишаа предавнички договори, само и само да се дограбат до власт и останат ден повеќе за безмилосно да крадат и да го осиромашуваат народот.

Најголемите кочничари на евроинтегративниот пат на државата се токму СДСМ и нивното криминално владеење, кои единствено што направија за ЕУ е сликата од авионот лажејќи ги македонските граѓани дека ги започнале преговорите.

Реклама

Заглавени во криминал, без никакви реформи преминаа на распродажба на националните интереси, понижувајќи ја државата да прифаќаат и потпишуваат предавнички договори со обврски само за македонската страна, без никаква гаранција за иднината.

Кога Жерновски, несудениот амбасадор и партиски прелетач само за функција, зборува за руско влијание, ако заборавил да го потсетиме, руското влијание во државата продре единствено преку власта на СДСМ, Заев и Филипче.

Власта на СДСМ му даде македонско државјанство на руски олигарх близок до Путин, сега веќе осуден на 15 години затвор во Украина за корупција и перење пари, Александар Онишченко.

Додека пак, на фирма во сопственост на белорускиот конзул, Борче Марковски со години му доделувале државни тендери вкупно на број 77, од кои 66 од ЕСМ во вредност од 141 милиони евра.

Што се однесува до преговорите со ЕУ, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, посветено работи на реформската агенда и усогласување на македонското со ЕУ законодавство.

Доказ за посветеноста на Владата интеграцијата во Европската Унија е и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа што претставува потврда дека Македонија како држава е зрело демократско општество, каде владее правото и слободата на говор.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на патот за интеграција на Македонија во Европската Унија, со исполнување на Копенхашките критериуми и со зачуван национален идентитет.