Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСM единствена политичка агенда се уставните измени, а Филипче е фиксиран само на внесување на Бугарите во Устав

Венко Филипче е погласен промотор на барањата за уставни измени отколку Бугарија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче и СДСM единствена агенда којашто ја имаат се туркање на уставните измени и внесувањето на Бугарите во Устав. СДСM и Филипче ги игнорираат позитивните оценки од Антонио Кошта за спроведувањето на Реформската агенда, ги игнорираат и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче е погласен промотор на барањата за уставни измени отколку Бугарија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче и СДСM единствена агенда којашто ја имаат се туркање на уставните измени и внесувањето на Бугарите во Устав.

СДСM и Филипче ги игнорираат позитивните оценки од Антонио Кошта за спроведувањето на Реформската агенда, ги игнорираат и средствата обезбедени преку Планот за раст, но затоа прв приоритет им е упорно туркање на темата за уставни измени.

Реклама

За Филипче и СДСM не се важни домашните приоритети во државата, тие работат во прилог на бугарските позиции. За Филипче и СДСM постои само една реформа, а тоа е уставните измени и распродавање на државните интереси.

Граѓаните знаат дека токму СДСM беше носител на најконтроверзните и најголеми политички отстапки во изминатите децении. Од промена на знаме, име, Устав, до денешните барања на Филипче за редефинирање на историјата, јазикот, културата и идентитетот.

Филипче продолжува по истиот пат на Заев, Ковачевски, барајќи нови отстапки и прифаќање на услови кои не придонесуваат за достоинствен и рамноправен европски пат.

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека националните интереси, македонскиот идентитет, јазик и историска посебност не смеат да бидат предмет на политичко пазарење. Македонија заслужува европска иднина, но не по цена на нови понижувања и откажување од сопствените национални обележја.

Времето кога СДСM, Заев и останатите безусловно прифаќаа туѓи диктати е завршено. Македонија ќе продолжи напред со крената глава, бранејќи ги своите државни и национални интереси.