Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Владата инвестира во локалниот развој и младите, нови спортски сали, базени и културни центри

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во локалниот развој. Државната поддршка со проекти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во локалниот развој. Државната поддршка со проекти на локално ниво, како изградба на спортски сали, базени, културни центри е со цел и фокус на подобрување на животниот стандард на граѓаните како и создавање современи услови за рекреација на младите насекаде низ државата, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

За таа цел, во Куманово се пушти во употреба реконструирана спортска сала. Реконструкцијата на спортската сала во Куманово започна во октомври 2023 година, и досега се потрошени околу 4 милиони евра. Заменет е кровот и трибините, реновирана е внатрешноста на објектот, поставен е нов паркет, електротехничка аудио и видео опрема и мултифункционален семафор.

Во Кисела Вода беше пуштен во употреба новиот затворен базен во состав на основното училиште „Невена Георгиева Дуња“. Техничките карактеристики на базенот се: должина 30 метри, ширина 20 метри, со габаритна површина од 600 квадратни метри, со димензија на коритото 9×25 метри и со длабочина на коритото за пливање од 80 сантиметри до 120 сантиметри. Во склоп на базенот се вградени машински инсталации најнеопходни за функционирање и работа на затворен пливачки базен. Пратечки простории изведени во склоп на објектот се: санитарии и гардероби поделени во два дела – машки и женски дел. Цената на чинење на базенот во Кисела Вода изнесува 46.551.713 денари.

Реклама

Овие инвестиции на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се дел од пошироката визија за создавање на урбани, безбедни и современо опремени јавни простори кои ќе служат за спорт рекреација, култура и заеднички активности.

Се потпиша Договор за реконструкција на мултифункционален културен центар во Ново Лисиче, вреден 99 милиони денари. Ова претставува ново поглавје за културата во Општина Аеродром, во која не постои културен центар, а ќе биде значаен особено за културната сцена.

Мултифункционалниот центар во Ново Лисиче ќе се гради со финансии од Министерството за култура и туризам во износ од речиси 99 милиони денари во првата фаза, на површина од 1400 квадратни метри, а во него ќе има киносала со 245 столчиња, простор за изложби, како и канцеларии и соби за техника.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со интензивна соработка со локалните самоуправи со цел да се создадат услови за одржлив развој и повисок животен стандард на граѓаните низ сите општини во државата.

Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија, стои во соопштението на владејачката партија.