Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите на штета на работниците 

Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната е единствениот синдикалец…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната е единствениот синдикалец на светот кој е против поголеми плати за работниците и е политичка маша на СДСM, ДУИ и Левицата. ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40 отсто покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Слободан Трендафилов како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците.

ССМ и Трендафилов не го поздравија досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и здравството ниту, пак, ги поздравија зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа.

Реклама

Трендафилов е политичка марионета на СДСM, а доказ за тоа е што договорот што тој лично заедно со ексминистерката за труд и социјална политика, а сегашна потпретседателка на СДСM, Јованка Тренчевска, го потпишале е истечен, со што се отвора можност за нов колективен договор за кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предлага административните службеници да добијат 40 % повисоки плати за 2 години.

Иако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ понуди конкретно и јасно решение, 40 % зголемување на платите на административните службеници во следните две години преку нов колективен договор, ССМ и Слободан Трендафилов одбија да го прифатат предлогот оставајќи ги работниците без повисоки примања.

Одбивањето да се потпише нов колективен договор, иако стариот е истечен, јасно покажува дека кај ССМ нема волја за подобрување на стандардот на работниците.

Трендафилов е политичка марионета на СДСM, ДУИ и Левицата.