Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ е приврзок на СДСM, документи и докази за организација и логистика на протестите на ССМ водат директно до СДСM

Документите и доказите кои излегоа во јавноста за организацијата и логистиката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Документите и доказите кои излегоа во јавноста за организацијата и логистиката на протестите на ССМ водат директно до СДСM. ССМ го покажа вистиснкото лице дека не е независен синдикат, туку само продолжена рака на партиските интереси на СДСM. Се оди до таму што луѓе од СДСM се директно вклучени во организација на саботниот протест или ССМ се претопи во СДСM, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ССМ е контролирано и координирано од партијата СДСM, а тоа ги вклучува и логистиката и организацијата на протестите.

Документите кои пристигнаа до нас се доказ дека одговорен за организирање на луѓе и превоз од Струмица и струмичкиот регион е Бранко Георгиев. Георгиев е поранешен раководител во ЈПКД Комуналец Струмица во време на СДСM.

Реклама

Превозот, организацијата и кампањата на ССМ е директно поддржана од партиската инфраструктура на СДСM. Бранко Георгиев кој е партиски теренец на СДСM сега е главен за теренски активности на ССМ.

Целата партиска логистика на СДСM за Струмица и струмичкиот регион сега е ССМ.

ССМ наместо да биде независна организација што ги штити правата на работниците, се претвори во партиска испостава на СДСM.

ССМ наместо да делува автономно и во интерес на работниците, функционира како продолжена рака на партиските структури на СДСM, со активности, организација и логистика кои се совпаѓаат со партиските интереси.

Синдикатите треба да бидат глас на работниците, а не инструмент на политички партии. ССМ како синдикална организација е ставена во служба на партиска агенда на СДСM, и со тоа ја губи својата основна улога и довербата на членството.

Пред очите на целокупната јавност ќе бидат објавени сите лица од СДСM кои го имаат превземано ССМ.