Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со инвестиција вредна 2 милиони евра пуштен нов булевар во Гевгелија

Главен приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е реализација капитални и инфраструктурни проекти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Главен приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е реализација капитални и инфраструктурни проекти насекаде низ државата, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Инвестициите во патната, комуналната и урбаната инфраструктура се од голема важност, и имаат за цел да обезбедат побрз економски раст, подобра поврзаност и повисок квалитет на животот на граѓаните. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата од програмата. Едно од ветувањата во програмата уште од 2021 година е и нов булевар во Гевгелија. Се пушти во употреба капиталниот проект-улицата „Свети Климент Охридски“, во вредност од 2 милиони евра, обиколница која претставува нов современ западен булевар и е директна врска за сообраќајниот и економскиот живот на Гевгелија. Во Гевгелија истовремено се работи и на повеќе инфраструктурни проекти што ќе придонесат за развојот на општината. Во тек е реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од Булеварот „Гевгелија“, заедно со натпатникот на улицата „Железничка“ и железничката пруга, проект во вредност од над 25 милиони денари. Во завршна фаза е и изградбата на кружната крстосница на влезот во Гевгелија, со нов мост над каналот „Рауљ“, како и дислокација на дел од каналот под крстосницата, проект вреден повеќе од 27 милиони денари, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции со цел модернизација и економски развој на државата, додаваат од владејачката партија.