Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Шукова прифаќајќи да биде кандидат за Скопје, само му излезе во пресрет на Филипче, граѓаните знаат дека од СДСМ нема фајде

СДСМ и Венко Филипче со секоја нова тура на кандидати за градоначалници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Венко Филипче со секоја нова тура на кандидати за градоначалници докажуваат дека само верно ги спроведуваат желбите на Зоран Заев, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидат за главниот град им е Каја Шукова која вели дека ќе се залага за чисто, уредено, и безбедно Скопје.

Шукова се однесува како да не знае дека партијата од која е дел, и чиј министер за животна средина беше самата таа, не знае што значат поимите кои таа ги употребува.

Реклама

Шукова доаѓа од партија која само знаеше да протестира сама против себе кога станува збор за чисто и уредено Скопје.

СДСМ очигледно само знае погрешно да постави темели и се знае дека потоа се оди во погрешна насока, работите не ни стагнираат, туку само одат во полоша насока. Па така откако ја преземаа власта во 2017 година наместо да се фатат за работа тие излегоа на протест и си протестираа сами против себе, или протестираа нивни пратеници, а тие беа на власт, нивен заменик министер за животна средина исто протестираше наместо да се фати за работа.

Кога се доаѓа на власт значи дека граѓаните ви дале доверба и очекуваат институционално да се решаваат проблемите, а не тие кои треба да креираат политики да излезат на улици.

СДСМ чиј кандидат е Шукова не направи ништо за седум години за општините, за градот, за воздухот, како и за санирање на низа проблем со кои се сочуваат граѓаните.

Како и да е, Шукова му излезе во пресрет на актуелниот, како и на претходниот партиски шеф и прифати да биде кандидат за Скопје. Но, СДСМ, Филипче и Шукова како кандидат за Скопје, како и кандидатите за другите општини треба да знаат дека граѓаните точно знаат кој работи во нивни интерес. Јасно е дека тоа не е ова СДСМ, се вели во соопштението на партијата.