Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ширачите на лаги СДСМ уште еднаш демантирани, овој пат од ЕУ, пораките на Кос не се за Македонија

Џабе демант и од Европската Унија, СДСМ продолжува да лаже и да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Џабе демант и од Европската Унија, СДСМ продолжува да лаже и да растура пердуви.

СДСМ не само што лаже, туку суши од лажење.

До толку лажат СДСМ на чело со Филипче, Заев, Жерновски, па и Кузеска во нивно друштво, што нема ден а да не се демантирани и тоа од релевантни институции.

Реклама

Како што лажеа за мигрантите од Обединетото Кралство, за што добија и јавен демант и од британскиот амбасадор, така продолжуваат да лажат и за ЕУ.

На ширачите на лаги, СДСМ им дојде уште еден демант на нивните лаги. Сакајќи да наметнат наратив дека Европската Унија е против Македонија и дека еврокомесарката за проширување, Марта Кос која предупреди на влијанија на Русија и дека за нив нема место во унијата, мисли исклучиво на Македонија.

Уште една голема и шарена лага која СДСМ сака да ја продаде на македонските граѓани, за што и од еврокомесарката стигна одговор дека таа изјава не се однесувала на Македонија, туку дека генерално зборувала за сите кандидати.

Со ова се потврди и пропадна уште една лага на СДСМ.

Во однос на руското влијание во државата, уште еднаш потсетуваме дека токму во нивното време на власт, на руски олигарх близок до Путин, сега и осуден на 15 години затвор за корупција и перење пари во Украина, Александар Онишченко му дадоа македонско државјанство, додека на фирма во сопственост на белорускиот конзул, Борче Марковски со години му доделуваа државни тендери.

Затоа ги повикуваме да престанат со постојаното и интензивно лажење, мислејќи дека 100 пати повторена лага ќе стане вистина.

СДСМ одамна се прочитани дека лагата им е единствената вредност со која располагаат и затоа се таму каде што се. Во длабока опозиција, трета партија во државата со одвај 130 илјади гласа.