Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ водеше антидржавничка политика за остварување на бизнис интереси, вдомија соработник на Путин

СДСМ, Венко Филипче, Зоран Заев за остварување на свои лични интереси, водеа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ, Венко Филипче, Зоран Заев за остварување на свои лични интереси, водеа антидржавна политика. Самопрогласените про ЕУ и НАТО, Филипче и Заев во прегратките на руски олигарх и близок соработник на Путин, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека СДСМ на Филипче и Заев беше на, македонско државјанство му дале на рускиот олигарх, Александар Онишченко и му овозможи во државата да тера бизниси.

Онишченко е човек осуден на казна затвор од 15 години за перење пари и корупција и член и пратеник на проруската партија на тогашниот претседател на Украина, Виктор Јанукович.

Реклама

За скандалот да биде поголем, владата предводена од СДСМ го вдоми во Македонија и му даде пасош, во период кога Онишченко беше баран со меѓународна потерница од Украина и кога ниедна држава не го прими и не му даде престој.

Ама, затоа пак, СДСМ на Филипче и Заев беа тука широко да му ја отворат вратата на рускиот бизнис и на Путин, за преку Македонија да прават пари во Европа.

СДСМ, Филипче и Заев наместо да ги штитат македонските интереси водеа антидржавна политика и доделуваа државјанства на руски олигарси, луѓе блиски до Владимир Путин и од него ги дели само еден телефонски повик.

Но, таквите игри и комбинации на СДСМ со Русија преку македонските институции ја прекина ВМРО-ДПМНЕ и тоа повеќе нема да биде случај.

Заврши времето кога СДСМ со предавничко и антидржавничко однесување ги остваруваше бизнис интереси на Филипче и Заев.