Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ школа за лаги без конкуренција, барем јавно да се извинат на граѓаните откако сите лаги им пукнаа како меур од сапуница

Откако сите лаги им се распрскаа како меур од сапуница, СДСМ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако сите лаги им се распрскаа како меур од сапуница, СДСМ и Богданка Кузеска без трошка срам продолжуваат да лажат. Не е ни чудно тоа за нив, да имаше школа за лажење, дефинитивно немаше да имаат конкуренција, затоа што само од СДСM можат со рака на срце да се колнат дека ја сакаат државата, а од друга страна ја распродаваат, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Еден од еклатантните примери за безочно лажење е менторот на Венко Филипче, Зоран Заев, кој дури и во децата и своите предци се колнеше дека нема да го смени името кога ќе дојде на власт.

За жал, голем дел од граѓаните поверуваа на лагите на Заев и СДСМ и не само што до смени името, туку заедно со неговиот чувар на фотелјата во СДСМ, Венко Филипче и ги распродаваа националните и стратешки интереси, државата ја опљачкаа, а граѓаните ги осиромашија.

Реклама

Со најголемата лага „нема правда, нема мир“ СДСМ ја искористи таканаречената Шарена револуција, за да дојде на власт и да инсталира свои послушници во правосудството, кои прво Заев го ослободија од вина за примањето поткуп, па после со Филипче и останатите да ги заштитат од седумгодишниот криминал и пљачка на Македонија.

Лажеа и за загадениот воздух, на цел глас дерејќи се Заев и компанија од СДСМ на предизборен митинг во Аеродром, дека ајро немало и дека по победата ќе го исчистеле, за што не само што со прст не мрднале, туку сега да гледаме дека со набавките на сомнителен квалитет на мазут свесно ги труеле граѓаните.

Една од поновите лаги на СДСМ и Венко Филипче, која се распрсна на сите страни, беше лажењето и свесното ширење хистерија дека во државава ќе се градат мигрантски кампови, за што дури и британскиот амбасадор требаше да ги демантира и целосно да им ја разоткрие лагата.

Долга е листата на лаги на СДСМ, Филипче и Заев и наместо да се извинат тие повторно продолжуваат со нивната најдобро научена школа, лажењето во кое им нема рамен.

Наместо бесцелните прес-конференции, добро би било Кузеска во име на сите предавства и лаги на сите досегашни и актуелно раководство јавно да им се извини на граѓаните.