Реклама

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сервилна талка без цел, ниту за партијата, ниту за државата, во СДСМ постои само страв и нервоза од Груби доколку некој му прави друштво на обвинителна клупа

СДСМ сервилна, талкаат без стратегија и јасна цел ниту за партијата, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ сервилна, талкаат без стратегија и јасна цел ниту за партијата, а уште помалку за државата. Единствено нешто што знаат од СДСМ сервилна, е да ги распродаваат државните интереси, да креираат коруптивни шеми, да делат проценти и провизии и да се обидуваат да го заташкаат криминалот во сопствените редови, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ е целосно изгубена во сопствената реторика и без јасна насока.

СДСM на чело со Филипче, а под менторство на Заев е без компас и без стратегија.

Реклама

СДСM нема  јасна цел, излегуваат со конфузни и контрадикторни пораки. СДСM испраќа исти копи паст соопштенија, прес конференции без суштина и 10тици контрадикторни тези за иста тема.

СДСM е  дезориентирана партија  и нема политичка визија.

СДСM  талка без план и без одговор на клучните прашања во општествените случувања.

Раководство на СДСM како Венко Филипче, Оливер Спасовски, Јованка Тренчевска, Јон Фрчкоски кажуваат секојдневно некакви приказни и прават театар, наместо да повикаат на одговорност, транспарентност и борба против криминалот тие го штитат Артан Груби и бегаат од темата.

СДСM до толку се исплашени од Груби и контрадикторни што самите се заплеткаа во лавиринтот на криминал и коруптивните мрежи.

СДСM на чело со Филипче, нема визија ниту за сопствената партија, ниту за државата, токму затоа се на политичкото дно.

На Македонија и е потребна одговорна и конструктивна опозиција а на политички театар. Во Македонија право и правда мора да има, а институциите да профункционираат. Секој што го прекршил законот мора да одговара.