Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се однесува како падната од Марс

Предавничката СДСМ која до пред две години беше власт, не направи ништо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предавничката СДСМ која до пред две години беше власт, не направи ништо важно за граѓаните и државата, само ги распродаваше националните интереси. Предавничката СДСМ се однесува како падната од Марс, се наведива во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Како денес да се појавиле на политичката сцена, а не како од независноста до сега во повеќе наврати ја воделе државата, а и само до пред само две години биле власт во Македонија.

Така, како млада невеста, предавничката СДСМ седи и ги лови проблемите со кои се соочува државата, без да спомене дека половина од времето од независноста до денес биле власт и за државата ништо не направиле, освен што ги распродавале националните интереси.

Реклама

И сега без ни трошка одговорност и кредибилитет зборуваат за водата за пиење, токму тој талогот од СДСМ кој со години свесно дозволи гостиварци бавно да се трујат со небезбедна вода.

Во периодот на власт на СДСМ, особено во периодот кога Венко Филипче беше министер за здравство, направени биле околу 400 испитувања на водата во Гостивар кои покажуваат водата не е исправна за пиење.

А, талогот на СДСМ, кој сега шири хистерија и наводна грижа за граѓаните, таквите извештаи ги скрија од јавноста и од граѓаните и свесно ги оставија луѓето да се трујат.

И сега истиот тој талог на СДСМ кој ги криеше извештаите за небезбедната вода и ги остави граѓаните да ја пијат, излегол од комфор зоната и отишол во близина на изворот со кој Скопје се снабдува со вода за пиење.

Проблемите кои се појавуваат, меѓу другото, и со водата за пиење, не се ниту од сега, ниту од вчера. Тие се резултат на децениската негрижа и системски пропусти на минатите влади, на чие чело до пред две години беше предавничката СДСМ, до сега, кои секако не можат да се решат само во две години власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Но секако, предавничката СДСМ немаше време да се занимаваат со овие прашања важни за граѓаните, тие беа зафатени со менување на име, прифаќање ултиматуми од соседните држави и потпишување на предавнички договори за распродавање на идентитет, култура, јазик, историја. И секако, сето тоа го правеле за станови и бизниси во Дубаи, јахти во Грција, фирми во Бугарија, хациенди на Водно, скапи коли, луксузни одмори.