Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ располагаат само со корумпирани кадри, Костадин Ацевски е продолжена рака на Заев и Филипче

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ

„Корумпираните кадри кои СДСМ ги има се очигледни, изборот на Костадин Ацевски за кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров е апсолутно политичко разочарување, кандидат кој е поврзан со контроверзии и сомнителни активности.

СДСМ покажа дека располага само со несоодветни кандидати кои се олицетворение на урбанистичката мафија која поддржува агресивна бетонизација, на семејното насилство и на преоптоварување на државниот буџет.

Реклама

Јавноста е запознаена дека Ацевски беше дел од составот кој гласаше за промена на уставното име на Република Македонија и човек кој додека беше директор на Македонија пат потпиша договори за транспорт на битумен по цена многу повисока од реалната.

Кандидатот од СДСМ, Ацевски е човек кој е синоним за скандали и семејни инциденти кои воедно го нарушуваат неговиот личен, институционален и политички интегритет, тој е само продолжена рака на Зоран Заев и Венко Филипче.

Евидентно е дека кадрите на СДСМ се криминални и корумпирани, обременети со скандали и претставуваат приказ на хаосот во СДСМ.

Сите факти укажуваат дека ваков профил на човек за кандидат за градоначалник е несоодветен и не може да ги добие гласовите од граѓаните.

Жителите на Ѓорче Петров заслужуваат градоначалник кој ќе го гледа градот како свој дом, кој ќе работи чесно, одговорно и транспарентно, а не градоначалник кој врши злоупотреба на позицијата за свои цели.

СДСМ е нереформирана партија, партија која е заглавена во минатото, а граѓаните избираат промени и напредок на општината со развој и конкретни проекти!“