Реклама

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ постojано докажува дека знае само да слугува на туѓи агенди за лични бизнис интереси и да распродава се што е македонско

СДСМ во секоја прилика покажува дека има капацитет само да се вклучи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ во секоја прилика покажува дека има капацитет само да се вклучи во сомнителни активности како актуелните кои се спроведуваат од бугарски служби, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ никако да се надмине себе си, а ниту нејзините привезоци, да остане на страна од вакви активности на странски служби водени од чајот на политиката на официјална Софија, бидејќи ги нема нејзините традиционални партнери во надлежните институции во Македонија.

Сега ја нема СДСМ на власт чии функционери тераат бизниси во Бугарија и прават отстапки кои се штетни за Македонија само поради лични бизнис интереси. Од СДСМ знаат само да се трампаат или се подготвени да сторат се, да дадат се што е државен интерес на Македонија само нив да им течат бизнисите.

Реклама

Овие опасни по Македонија активности на официјални Софија во кои им помагаат лица од СДСМ следи по осуда на бугарските ставови во Европскиот парламент.

Бугарија доживеа пораз во Комитетот за надворешни работи при Европскиот парламент, познат како АФЕТ, па прво се активираше Апасиев, потоа Жерновски кој отиде до таму со ширење ужасни лаги за премиерот.

Но, туѓите агенди се прочитани.

Граѓаните добро знаат кој распродаваше се што е македонско за свои лични бизнис интереси.

Денес има Влада која се грижи за секој еден граѓанин и Влада која само работи во насока Македонија да оди напред, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.