Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ поднесува амандмани за членот од Кривичниот Законик што самите го укинаа пред три години

ВМРО-ДПМНЕ реагира на најавените амандмани на СДСМ за измена на Кривичниот законик,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ реагира на најавените амандмани на СДСМ за измена на Кривичниот законик, обвинувајќи ја опозициската партија за лицемерие и политичко глумење.

„Монти пајтон на СДСМ. Кривичниот законик што го укинаа во 2023 година и со којшто се амнестираа нивни функционери, сега поднесуваат амандмани да го вратат. Сите штетни договори, тендери и закони се потпишани во нивно време. Па и оние што ги укинаа – како членот 353 со кој си се амнестираа од криминал и си ги заштитија своите функционери“, наведуваат од вмро-дпмне.

СДСМ претходно  најави дека поднесуваат повеќе амандмани за измените на кривичниот законик, меѓу кои и измена на членот 353 – „злоупотреба на службената положба и овластување“ и враќање на решението што важеше пред измените  од 2023 година.

Реклама

„Сегашните измени кај членот 353 ја намалуваат одговорноста кај најважното – тендерите. Ова мора да се промени“, велат од СДСМ.