Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ нема одговор на успешните политики на Владата

СДСМ се појави во јавноста со прес-конференција по 4 дена – има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ се појави во јавноста со прес-конференција по 4 дена – има ли некој во седиштето на СДСМ или само Кузеска остана?

Почитувана јавност, СДСМ по 4 дена молк се јави со прес-конференција за тема за која Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успешно се справи, а истата беше поздравена и од ЕУ.
Дека СДСМ воопшто не знае каде тера, доказ е оваа денешна прес-конференција на СДСМ. Во време кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, нема афери, нема скандали, нема местени тендери, затоа е и молкот од СДСМ, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Да се потсетиме на времето кога СДСМ владееше – јавноста и медиумите требаше да бидат гласни со денови и недели за да се реагира по одреден случај, па дури и тогаш обвинителството и судството не отвораа предмети и беа неми по тоа прашање. Дополнително, ако некој од осомничените беше од СДСМ или близок до врвот на СДСМ, со сигурност тој поединец не одговараше.

Реклама

За разлика од тогаш, денес, кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, без помпезност, без прво јавноста и медиумите да дознаат, надлежните органи работат веднаш и се постапува по одредени сомнежи или докази за одреден криминал или корупција. Без разлика на партија или нација, секој што се огрешил пред законот мора да одговара.

Разликата е евидентна. Затоа, по повод денешното појавување на СДСМ во јавноста, прашуваме: дали Кузеска е сама во седиштето на СДСМ и излегува со ваква неспремна изјава?

Повикуваме на реформи во СДСМ, на чело со Филипче.