Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ и Филипче повторно се на истата линија, власт по секоја цена со распродажба на националните интереси и штета на државата

Предавствата се генетски код на СДСМ, отстапки, компромиси и сервилност се синоними…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предавствата се генетски код на СДСМ, отстапки, компромиси и сервилност се синоними за СДСМ за клучните државни одлуки и промени кои ја обликуваа државата. Филипче и СДСМ и денес се подготвени на отстапки поврзани со јазикот, културата и идентитетот само поради власт и свои лукративни цели, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ на чело со Филипче исто како и неговиот ментор Заев повтроно ја ставаат државата на распродажба, нудејќи ги најчувствителните национални прашање како карта за да се дограбат до власта.

Прашањата за идентитетот и историјата, не смеат да бидат предмет на политичко пазарање. Пристапот на СДСМ и Филипче за односите со Бугарија наликува на прифаќање на туѓи наративи на штета на македонскиот јазик, историското наследство, идентитетот и националните интереси на државата.

Реклама

Филипче и СДСМ немаат проблем со тоа македонскиот јазик да е бугарски дијалект, Македонија да е дел од Бугарската држава, Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански да се пишат дека се Бугари, само да дојде тој на власт и да може да краде.

СДСМ и Филипче да престанат да ја манипулираат јавноста со наративот „ уште една мала отстапка“ ќе ја донесе државата до ЕУ. Таа приказна на СДСМ се повторува со децении, а не дава никаков резултат.

Македонија даде многу и направи големи чекори и голем влог за ЕУ интеграциите. Но, граѓаните се уморни и ја препознаваат матрицата на СДСМ на празни ветувања и политички пазар на штета на националните интереси.

СДСМ да престане да манипулира. Приказна на СДСМ за “последниот чекор“ се повторува со децинии, од знаме, име, уставни промени и тоа никогаш не е последен чекор. Довербата опаѓа, реалните резултати изостануваат, а цената што се плаќа е се поголема. СДСМ 35 години води сервилна политика и ги лаже граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ има јасни и цврсти позиции. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води политика што ги штити националните интереси и достоинството на македонските граѓани.