Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е против „Безбеден град“ и покрај бројките и јасните резултати, помалку жртви, помалку повредени, а повеќе безбедност

СДСМ и Филипче се против безбеден град, против заштита на безбедноста на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Филипче се против безбеден град, против заштита на безбедноста на граѓаните во сообраќајот, против намалувањето на повредени и човечки жртви во сообраќајот. СДСМ е против и покрај фактите и бројките за помалку жртви и помалку повредени, СДСМ е против сè што е добро ако не е од нив, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека СДСМ беа на власт 8 години, ништо не направи за да ја зголеми безбедноста во сообраќајот и да ги заштити граѓаните. Зошто СДСМ и Оливер Спасовски цели 8 години не усогласиле ништо поврзано со Законот за заштита на личните податоци.

За разлика од СДСМ, изминатите неколку недели Министерството за внатрешни работи усогласи речиси 11 акти со Агенцијата за заштита на личните податоци.

Реклама

Целта на „Безбеден град“ е да ја зголеми безбедносната култура на граѓаните, целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки живот. Да имаме колку што е можно помалку сообраќајни прекршоци, помалку повредени и колку што е можно помалку човечки жртви.

На почетокот безбеден град детектира над 100.000 прекршоци дневно, а сега имаме драстично помалку сообраќајни прекршоци дневно.

Со „Безбеден град“ се успеа бројот на починати, како последица на непочитување сообраќајни правила, на територијата на СВР Скопје да се намали од 11 во споредба со декември и јануари минатата година на 2 смртни случаја во декември 2025 и јануари 2026 година, заклучно со 20 јануари.

Бројот на повредени лица, како последица на непочитување сообраќајни правила, во споредба со овие 50-ина дена од крајот на 2025 и почетокот на 2026 година и крајот на 2024 и почетокот на 2025 година за истите месеци – декември и јануари, е намален за 35 отсто.

Имаме за 35 отсто помалку повредени лица на територијата на СВР Скопје во споредба со претходните два месеца.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за безбедноста на граѓаните.