Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM да престанат да ја срамат државата, дипломатијата е сериозен дел од политиката, а не егзибиции на неакредитираниот амбасадор Жерновски

На денешната прес-конференција на СДСM, неакредитираниот амбасадор и неуспешен дипломат, Андреј Жерновски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната прес-конференција на СДСM, неакредитираниот амбасадор и неуспешен дипломат, Андреј Жерновски истакна дека цитираме: „Германија потврди, Мицкоски е Орбан Џуниор’’, со што директно кажува лага, како прво, и како второ, Германија не потврди, туку ова е искажан став на новинар во свој новинарски текст на германски портал, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Сфаќаме дека СДСM ги користи сите лоши механизми да ја врати дипломатската политика на коленичење и виткање на кичма кои тие ја промовираа 7 години, но за нивна жал, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски ќе водат достоинствена, горда и исправена политика.

Во однос на искажаните лаги со кои се обидуваат да наштетат преку црна кампања во јавноста, бараме јавно извинување од страна на СДСM и Жерновски, како и очајниот обид да се вмеша една од земјите членки на ЕУ и НАТО, во случајот Германија, во нивната дневно политичка пропаганда.