Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Рејтинзите на Ковачевски и Пендаровски се како „црн петок“ – со секоја нова изјава тој им паѓа за 20%

Ковачевски и Пендаровски со месеци тонат во очите на народот. Тоа е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ковачевски и Пендаровски со месеци тонат во очите на народот. Тоа е резултат на нивните погубни политики, но и на нивните политички ставови спротивни на интересите на државата и граѓаните. Нивната измеќарска позиција во домашната и надворешната политика ги доведе во ситуација на секое испитување на јавното мислење да одат подолу и подолу. Ја губат довербата од граѓаните и нивниот рејтинг наликува на „црн петок“- со секоја нивна нова изјава тој паѓа за 20%“, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа власт е целосно делегитимирана и ќе замине како ненародна власт и како една од најнеспособните влади во историјата на Македонија која нема никакви резултати и е заглавена во криминал и корупција. Во мандатот на оваа власт се случија трагедии како Ласкарци, Беса Транс и модуларната болница кои никако да добијат правда. Во мандатот на оваа власт околу 600 илјади граѓани живеат во сиромаштија, а над 80 илјади се во екстремна сиромаштија. За прв пат на улиците излегоа пензионерите на масовни протести поради високата инфлација и потонатиот стандард. Нема учебници, нема лекови, а во Клиниката за онкологија се правел криминал на грбот на најтешко болните. Додека економијата тоне, власта дели бенефиции за фирмите на функционерите и нивните блиски. Донаторите на партиите на власт добиваат најголеми тендери, фирми поврзувани со Ковачевски влегуваат во бизнисот со струја, а оние пак поврзани со вицепремиерот вртат милиони, а во исто време илјадници други компании ставаат клуч на врата“, стои, меѓудругото, во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.