Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Развојната банка сега ја води докажан професионалец во областа

СДСM на Венко Филипче и неговиот другар Зоран Заев е потписник на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM на Венко Филипче и неговиот другар Зоран Заев е потписник на стратегијата партизација на се можно во државата, од стручна служба па се до високи раководни функции. СДСM најде да зборува за партизација и некомпетентност на кадри, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Да ги информираме во СДСM за што станува збор кога е во прашање актуелното раководството на Развојната банка во државава.

Сега на чело на Развојната банка е кадар кој е докажан професионалец во областа на развојното банкарство.

Реклама

Кога станува збор за образованието, Ефимија Димовска е и стипендист и најуспешен постдипломец во генерацијата на еден од највисоко рангираните американски универзитети – Питсбург Универзитетот. Таа е доктор на економски науки и универзитетски професор со забележителни истражувања фокусирани на финансирањето на малите бизниси. Дополнително Димовска е ангажирана и како консултант од Европската Комисија за анализи на финансискиот сектор во земјите од регионот.

Кој е Кире Наумов доскорешен директор на Развојната банка? Истакнат кадар на СДСM кој својата кариера ја започнува во Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал позната како Агенција за приватизација во Македонија, поточно институција позната по катастрофалната приватизација.

Наумов освен неговата партиска агенда во државните институции нема направено ништо. Дека е само партиски кадар говорат и неговите функции  во време на СДСM, советник за економски прашања на претседател на влада, советник за економски прашања на претседател на државава, дополнителен заменик- министер за финансии и заменик на министерот за економија.

Дополнително Наумов во последно време беше познат единствено по неговото неработење и блокирање на активностите на Развојната банка, причина за разрешување од прв човек на Развојната банка. Ова се фактите. Нека прочитаат и научат во СДСM.