Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Посветено работиме за подобар животен стандард и успешна борба против криминалот

Владата посветено и неуморно работи во интерес на граѓаните и државата, велат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата посветено и неуморно работи во интерес на граѓаните и државата, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Се преземаат мерки и активности за подобрување на животниот стандард на граѓаните, за раст и развој на економијата, за враќање на функционалноста на институциите и за активна борба против криминалот и корупцијата.

Владата води државничка политика насочена кон зачувување на националните интереси и достоинствено претставување на државата на меѓународната сцена, со целосно зачуван национален идентитет и интегритет.

Реклама

Според соопштението, овие напори се препознаени, поддржани и поздравени од страна на граѓаните, што го потврдува и најновото истражување на јавното мислење, спроведено од агенцијата „Маркет Вижн“ во периодот од 20 март до 17 април, на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници.

Анкетата покажала дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател и премиер, Христијан Мицкоски, уживаат убедливо водство и висока доверба меѓу граѓаните. На Мицкоски му веруваат 25,4% од анкетираните, додека на Венко Филипче само 3,8%.

На прашањето за кого би гласале доколку утре се одржат избори, 51,7% од испитаниците изјавиле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 64,4% од граѓаните рекле дека сигурно би излегле на гласање.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека, за прв пат после многу години, граѓаните гледаат вистинска борба против криминалот и корупцијата, што се потврдува со големиот број полициски акции спроведени во изминатиот период. Анкетата покажала дека криминалот и корупцијата веќе не се перцепираат како најголем проблем во државата.

Како што велат од партијата, тоа е резултат на чесното работење на власта, која доследно го применува законот и обезбедува еднаков третман за сите. Претходните кривични дела се процесуираат, а сторителите се соочуваат со одговорност пред надлежните институции.

„Овие резултати се потврда за досегашната работа, но и дополнителна обврска за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште поенергично и посветено да работат на исполнување на дадените ветувања за подобар животен стандард, раст на економијата и продолжување на борбата против криминалот и корупцијата“, се вели во соопштението на владејачката партија.