Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски пола од времето потроши да и се допадне на Бугарија

Пендаровски Стево половина од времето потроши да им се допадне на официјалните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пендаровски Стево половина од времето потроши да им се допадне на официјалните лица во Софија. Бојко Борисов го поздравуваше со “как си љубави“, на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев јавно му се заблагодаруваше за политичката поддршка што му ја дал, а дното го достигна со изјавата “ Гоце Делчев се декларирал како Бугарин“, предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


-Очигледно на Пендаровски му беше поважно да го пофалат во Бугарија, отколку да ги заштити интересите на граѓаните во Македонија. „Љубави“, поддршката од “евродепутатот Ковачев“ и изјавата “ Гоце Делчев се декларирал како Бугарин“ нека си ги стави во отчетот за тоа што сработил во овие 5 години мандат, па може ќе му речат браво бугарските функционери и негатори на македонскиот идентитет.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат оти Пендаровски треба да знае дека беше избран за претседател и земаше плата од народните пари за да биде заштитник на македонските позиции, а не на странските. Сега пак бара мандат од оние граѓани кои ги заборави и изневери. За жал освен понижувања, менувања ставови и погазување на достоинството на народот, не видовме ништо позначајно од Пендаровски. Тој го изгуби својот кредибилитет и интегритет, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.