Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Охрид со крупни капитални проекти продолжува да се развива

Охрид продолжува со реализација на значајни капитални проекти кои носат подобри услови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охрид продолжува со реализација на значајни капитални проекти кои носат подобри услови за живот и развој на градот. Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Пецаков продолжува со изградбата на современа катна гаража во централното градско подрачје, како и со проектот за изградба на пречистителна станица во Трпејца, со што се придонесува за дополнителна заштита на Охридското Езеро, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Во изминатиот период се реализирани бројни инфраструктурни проекти, меѓу кои реконструкција и асфалтирање на улици и патишта, унапредување на водоводната и канализационата мрежа и модернизација на пумпната станица „Метропол“.

Особено значаен е и проектот за реконструкција и уредување на плоштадот „Чинар“, со којзначително се подобри изгледот и функционалноста на еден од најпрепознатливите простори во старата градска чаршија. Нов лик доби и „Холандскиот парк“ каде што беше извршено комплетно партерно и хортикултурно уредување.

Реклама

Значајни инвестиции се реализираат и во образованието и младите. Изградена е нова спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“, продолжува реконструкцијата на гимназијата „Св. Климент Охридски“, а избрано е и идејното решение за нов Младински културен центар.

Охрид продолжува да инвестира и во спортот, културата и туризмот. Историскиот успех на ГРК Охрид со освојувањето на ЕХФ Европскиот куп претставува дополнителна потврда за значењето на поддршката на спортот и спортските клубови.

Со реализација на конкретни проекти и континуирани инвестиции, локалната самоуправа продолжува да работи на создавање модерен, функционален и развиен Охрид.