Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за манипулација на работниците се прочитани, на СДСМ и на ССМ веќе никој не им верува, ја губат и онака малата поддршка од граѓаните

Манипулациите со работниците не поминуваат, на ССМ и на СДСМ веќе никој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Манипулациите со работниците не поминуваат, на ССМ и на СДСМ веќе никој не им верува. Од ден на ден сè повеќе ја губат и онаа мала поддршка што ја имаа од граѓаните. Тоа се виде на дебаклот од изминатиот викенд, каде што на протестот на ССМ, наместо да има вистински работници, имаше само партиски челници на СДСМ, кои со маици со логото на партијата беа во првите редови, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Целата организација и логистика на таканаречениот синдикален протест беше во рацете на лица од општинските организации на СДСМ. Но, на крајот, и ССМ и СДСМ доживеаја фијаско и автобусите до Скопје патуваа празни.

Тоа е јасен доказ дека СДСМ и ССМ се прочитани и дека дури ни нивните членови не им веруваат. Исто така, се докажа дека работникот не го поддржува овој политички театар на ССМ во координација со СДСМ.

Реклама

Ова ССМ на чело со Слободан Трендафилов свесно се стави во служба за заштита на интересите на СДСМ, а не во заштита на правата на работниците.

Неколкутемина во врвот на ССМ со Трендафилов на чело работат директно во интерес на СДСМ и нивните политики, а нивната крајна цел е да ѝ наштетат на Владата, која посветено работи и дава максимални напори за да овозможи подобри услови и повисоки плати за сите.

Меѓу ССМ и СДСМ нема разлика и затоа сè повеќе вистинските работници, кои се членови на синдикатот, се прашуваат дали се дел од синдикално здружување или од политичката партија.

Но она што многу добро работниците го знаат е дека и СДСМ и ССМ не работат во нивен интерес и не ги штитат нивните права.

Вистинскиот партнер на работникот и на сите граѓани останува ВМРО-ДПМНЕ, што со конкретни мерки и политики го подобрува животниот стандард, во континуитет ги зголемува платите и ја зацврстува економијата.