Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Економија

ВМРО ДПМНЕ: Нови авиолинии и нови патишта – Македонија се поврзува и станува подостапна за бизнис, туристи и регионална соработка

Македонија влегува во нова етапа на инфраструктурна транформација, со проекти, со нови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија влегува во нова етапа на инфраструктурна транформација, со проекти, со нови патишта и нови авиолинии кои ќе ја подобрат меѓународната поврзаност на земјата.

-Новите патишта, модернизираните автопати и зголемениот број на авиолиниите значително ќе дадат придонес во регионалната интеграција и економскиот раст на земјата. Изминатиот период се воведоа комплетно нови 16 авиолинии од аеродромите во Скопје и Охрид. Се воведоа пет нови авиолинии до скопскиот аеродром, Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага. Претходно беа воведени уште 11 нови авиолинии од Скопје и Охрид кон Барселона, Лион, Париз, Женева, Истанбул, Амстердам, Дубаи, Штутгарт, Ларнака и Базел. Како и нов чартер лет од Германија со кој најмалку 200 туристи секојдневно ќе ја посетуваат Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Зголемувањето на бројот на патници се гледа веќе во првата половина од оваа година, каде што вкупно на двата македонски аеродроми се превезени 1,5 милиони патници, што е за 5% од скопскиот аеродром и 11% од охридскиот аеродром.

Реклама

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува и во изградба и рехабилитација на клучни патни правци.

-Се пушти во употреба дел од автопатот Кичево-Охрид, делница Пресека-Песочани. Тоа е 6 та делица која што е пуштена во употреба. Претходно беа пуштени во употреба делницата Градско-Фариш, Фариш-Дреново, пуштен е во употреба и Страцин-Крива Паланка, Гевгелија-Валандово, Охрид-Свети Наум. Се пушти во употреба дел од експресниот пат Градско-Прилеп, на потегот Градско- Дреново, вреден 37,4 милиони евра. Експресниот пат Дреново- Фариш, кој значително го скратува патувањето и го зголемува квалитетот на сообраќајната безбедност. Експресниот пат Ранковце-Крива Паланка (потег Страцин), во должина од 26 километри и вредност од речиси 98 милиони евра. Целосно се реконструира регионалниот пат Охрид-Свети Наум, во должина од 25 километри, вреден 12 милиони евра. Со посветеност и заедничка работа владата на ВМРО-ДПМНЕ реализира проекти со цел поврзување на Македонија со регионот и подобрување на животот на граѓаните. Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија, порачуваат од владејачката партија.