Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДСM е загрозен од опстанок на политичката сцена

СДСM продолжува да шири страв и вештачки да предизвикува паника кај граѓаните.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM продолжува да шири страв и вештачки да предизвикува паника кај граѓаните. Завршија со мрачните сценарија дека државата само што не банкротира, дека цените на производите енормно ќе се зголемат, дека инфлацијата многу ќе порасне, дека цените на нафтените деривати ќе рушат рекорди, дека мигранти ќе дошле, сега СДСM се фати со Пензискиот фонд. Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се загрозени, пишува ВМРО-ДПМНЕ..

Апокалиптичните сценарија што сака да ги наметне СДСM за пензиите, ќе им пукнат како меур од сапуница, исто како што им пукнаа и за сите претходно набројани.

Пензискиот фонд е стабилен и пензиите редовно и навремено се исплаќаат. Згора на тоа пензионерите веќе две години по ред добиваат пензии за седум илјади денари линеарно покачени.

Реклама

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт, највозрасната категорија граѓани кои својот живот и работен век го посветиле на градење на Македонија, го добија заслуженото, повисоки пензии за достоинствен живот.

За разлика од периодот на власт на СДСM и министер за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска која сега од партиската говорница шири хистерија и паника, пензионерите добиваа минимално покачување на пензиите, власта немаше слух за нивните проблеми, а граѓаните од третото доба беа оставени на милост и немилост, со празни тегли да протестираат за повисоки примања.

СДСM и Тренчевска кои беа против зголемувањето на пензиите, сега излегуваат и велат дека не се зголемија колку што требаше. Да се прашуваа СДСM, веројатно зголемувањето на пензиите ќе беше како во нивно време кога за времетраење на мандатот, на месечно ниво просечно се зголемуваа по 90 денари.

И уште нешто, кога веќе СДСM зборува за некаков ризик и загрозување, им порачуваме да се свртат кон самите себе, затоа што во моментов, поради недовербата на граѓаните и внатрепартиските проблеми, единствено СДСM е загрозен од опстанок на политичката сцена.