Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на власта на Заев стана меѓународен здравствен проблем

Неспособноста и неодговорноста на власта на Заев и Филипче не е само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неспособноста и неодговорноста на власта на Заев и Филипче не е само македонски проблем, туку и меѓународна здравствена опасност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Последниот скандал со патниците кои од Македонија пристигнале на аеродромот во Финска и од кои 24 биле заразени со корона вирус, ја дискредитира Македонија како држава. Ова покажува дека не само што сме европски Вухан, туку поради неодговорноста на властите ги доведуваме во опасност и другите држави во Европа. Очигледно дека властите немаат никаква контрола врз епидемијата. Никој не знае ни кој влегува, ни кој транзитира, ни кој излегува од земјата и дали тој е носител на опасниот вирус. Македонија за жал во епидемијата е црн рекордер во регионот по смртност и заразеност на еден милион жители. Нема никаква одговорност ниту за последниот скандал со заразените патници кои пристигнаа во Финска исто како што нема никаква одговорност ниту за кластерот во Геријатрија Скопје, кластер меѓу најранливата категорија на граѓани, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Заев и СДСМ не ги интересира здравјето на граѓаните и угледот на државата. Нив ги интересира само фотелјата и бизнисите да си врват.

Реклама

-СДСМ, Заев, Филипче не направи ништо за здравјето на граѓаните во текот на шесте месеци откога е започната епидемијата со корона вирусот. Победата прогласена од владата на СДСМ врз корона вирусот е лажна и постои само во главите на Заев и Филипче, стои во соопштението.