Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Началникот од Демир Хисар е разрешен, ова е морал и принципи на дело, за разлика од времето на прогон на Спасовски и Заев

Министерството за внатрешни работи покрена дисциплинска постапка и јавно ја осуди секоја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи покрена дисциплинска постапка и јавно ја осуди секоја форма на насилство и незаконско постапување. Началникот од Демир Хисар е разрешен од функцијата. Ова е борба за принципи и морал, борба што се покажува на дело, за разлика од времето  на прогон, нечовечко и злосторничко постапување на партиската полиција на Зоран Заев, Оливер Спасовски и Али Ахмети, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

За сторен престап, началникот во Демир Хисар е разрешен. Но, ќе потсетиме на времето кога подивените орди на Заев, Филипче, Спасовски и Ахмети, го имаа целиот апарат на присила под своја команда.

Партиската полиција на Спасовски правеше упади во домовите на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, вршеше претреси и ги влечеше со лисици пред малолетни деца. Гордана Јанкулоска ја однесоа во затвор и ја осудија поради „мерцедесот“ кој, наводно, го гребеле мачки, а потоа го возеше Заев. Друга жена, под тортура на партиската полиција на СДСМ и ДУИ, го загуби плодот и детето во затвор.

Реклама

Миле Јанакиески го враќаа со полиција пред вратата на својот стан три пати – за да го снимат камерите – и секогаш го носеа во притвор како дефокус од новите афери на Заев. Спиро Ристовски и Миле Јанакиески беа физички нападнати во затвор, а други политички притвореници намерно беа сместувани во ќелии со сериски убијци, педофили и силувачи.

Ова е само мал дел од погромот, тортурата и политичките пресметки што ги вршеа Заев, Филипче и Ахмети – и кои никогаш нема да се заборават.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ