Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Молкот на СДСМ и Филипче и неоградувањето од Заев ќе се смета за соучесништво и дека ги поддржуваат подметнувачите на пожари

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „СДСМ и Венко Филипче треба да се оградат од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

„СДСМ и Венко Филипче треба да се оградат од Зоран Заев, чиј возач и човек од највисока доверба, подметнува пожари.

Во време кога одредени делови од државата се зафатени од пожари, лицето А.Н. е фатено и уапсено од полицијата поради намерно предизвикување пожар во струмичко.

Реклама

И СДСМ на Венко Филипче, наместо да испраќа соопштенија и да држи прес-конференции полни со лаги за пожарите кои имаат за цел да предизвикаат страв паника кај населението, да се огради од Заев.

СДСМ, наместо да ја обвинува властa за состојбата со пожарите, за се извинат на македонските граѓани, затоа што лица блиски до партијата палат пожари.

Дека тоа е така потврди и самиот Заев, кој во изјава за медиум призна дека тоа лице за време кога тој бил градоначалник на Струмица, бил возач вработен во општината.

Ова лице може да се забележи во друштво со Заев, кога тој е со опкружен со лица соработници кои биле проверени и од негова највисока доверба.

Ако лицето А.Н. бил од највисока доверба на Заев во периодот кога тој на СДС му ги предаваше таканаречените бомби, кој би поверувал дека сега тој дејствувал самоиницијативно и на своја рака подметнал пожар.

Институциите, исто така, во неколку наврати утврдија дека дел од пожарите се намерно предизвикани од човечки фактор.

Додека ваквите потпалувачи на пожари, како шоферот на Заев, ги палат македонските шуми, против кои Владата со сите сили и расположливи ресурси се бори, СДСМ и нивните апологети шират лаги, манипулираат со јавноста и ги користат како тема за креирање паника.

Затоа, ако сакаат СДСМ и Венко Филипче да се тргнат од сценариото за предизвикување пожари кои ги горат македонските шуми, треба се оградат од Заев.

Да ги искористат прес-конференциите, кои им служат за ширеше лаги и манипулации, и уште веднаш јасно, гласно и недвосмислено да дистанцираат од Заев и да се извинат на македонските граѓани за неговиот шофер.

Во спротивност, молкот на СДСМ и Филипче ќе се смета за соучесништво и дека ги поддржуваат подметнувачите на пожари.“