Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Месечната стапка на инфлација во август, споредено со јули, се намали од 4,9 на 4,4 проценти

Да се грижеше Венко Филипче за животот на граѓаните и инфлацијата, која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да се грижеше Венко Филипче за животот на граѓаните и инфлацијата, која во време на СДС беше двоцифрена и го јадеше стандардот на граѓаните, немаше над пола милион да остават на раб на преживување со по 150 денари на ден, посочува ВМРО-ДПМНЕ во пишана рекција на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ Венко Филипче.

После долги години економски пустош и висока инфлација наследена од владата на СДС, конечно, сега во Македонија можеме да зборување за забавување на инфлацијата.

И тоа не се само зборови на претседателот Мицкоски, како што вели Филипче, туку тоа се официјални статистички податоци, кои покажуваат дека во август месечната стапка на инфлација изнесува 4,4 а во јули изнесувала 4,9 проценти.

Реклама

Ова се првични сигнали дека процесот на дезинфлација и стабилизација на цените е започнат и благодарение на економските мерки и политики преземени од Владата, а и на оние кои ќе се преземаат во иднина, инфлацијата ќе продолжи да се намалува.

Во однос на наводните грижи на Филипче за депониите, го упатуваме да си се обрати во својата партија која на власт дојде, меѓу другото, викајќи ајро, ајро и со ветување за чист воздух.

Додека во изборната програма за парламентарните во 2020 година, неговиот другар Заев и неговата кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова ветуваа решение и итна ремидијација на Вардариште.

Долгите години на власт им поминаа, па сега Шукова од опозиција повторно да бара гласови од граѓаните, лажејќи ги дека има некакво решение за Вардариште и другите проблеми во градот.

Граѓаните добро знаат кој работи за нив и кој им ги решава проблемите, а единственото решение како за Вардариште, така и за другите проблеми, го има и ќе ги реши кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, Орце Ѓеорѓиевски.

Што се однесува за нелегалното прислушкување и следење на претседателот, Христијан Мицкоски од безбедносните служби под раководство на кадрите на СДС, за сите дилеми и прашања кои ги има Филипче нека се обрати до ЈО на, и така нивниот, Љупчо Коцевски.