Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија дигитално се трансформира, за прв пат донесен Закон за Сајбер безбедност

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја наследи Македонија со целосно уназадена дигитализација. Наместо за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја наследи Македонија со целосно уназадена дигитализација. Наместо за седум години власт на СДС да ги унапредуваа дигиталните услуги, тие како да сакаа државата да ја вратат децении назад, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Но, за една година Влада, ВМРО-ДПМНЕ покажа како се работи напорно во интерес на државата и граѓаните и почна да ги гради темелите за дигитална трансформација на Македонија. Со цел помалку административни гужви, побрзи и полесни административни постапки за граѓаните, се воведоа нови 120 електронски услуги за граѓаните на националниот портал uslugi.gov.mk. Најчесто користените услуги од институциите како потврда за неосудуваност, електронски извод од матична книга на родени, електронско уверение за државјанство, потврда за набавка на оружје, ги направивме целосно електронски достапни. За ваквите електронски документи имаат иста важност како оригиналните издадени од институциите, се донесоа измени на Законот за електронски документи со што документи се признаваат за целосно валидни. Отворени нови административни Центри за услуги (ЕТУ) за граѓаните во Аеродром, Јегуновце и Штип, во кои центри вработените од министерството им посредуваат на граѓаните при аплицирање и издавање на повеќе од 300 услуги од порталот. Со отворањето на ваквите центри ги доближуваме административните услуги до граѓаните коишто не се во можност да користат интернет, да патуваат до централните единици на институциите, или немаат соодветно познавање за користење на електронски уреди. За поголема безбедност и заштита на податоците се донесе Закон за Сајбер безбедност, со кој државата за прв пат добива закон за безбедност на мрежи и информациски системи. Се донесе Закон за медиуми со што по повеќе од 12 години издавачите на онлајн медиуми- интернет-публикации се препознаени во закон. Меѓу другото, се донесе и забраната за 226 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. Најголем број од младите, тинејџерите се зафатени од пандемијата на игри на среќа, особено преку нелегалните игри на среќа кои се организираат преку онлајн платформи, истите претставуваат опасност од крадење на лични податоци како и злоупотреба на платежни картички, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во подготовка е владина Супер апликација (SupperApp) која треба да биде лансирана во октомври 2025 година, со помош на која во електронска форма, граѓаните ќе ги имаат своите лични карти и возачки дозволи, а Владата и министерствата добиваат заштитени и унифицирани веб страници, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.