Реклама

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

Македонија

Европски форум во Скопје за пристапност и инклузија во спортот

– Европскиот форум „EVERY FAN MATTERS“, посветен на унапредувањето на пристапноста и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Европскиот форум „EVERY FAN MATTERS“, посветен на унапредувањето на пристапноста и инклузијата во спортот, со посебен фокус на фудбалот и искуството на навивачите со попреченост, ќе се одржи денеска со почеток во 11 часот во Клубот на пратениците во Скопје.

Форумот го организира Министерството за спорт, заедно со европските партнери на проектот ELEVATE-SS, а ќе обедини претставници на проектните партнери, фудбалски клубови, лиги, национални спортски федерации, јавни институции, организации на лица со попреченост, експерти за технологија и сите заинтересирани за развој на подостапна и поинклузивна спортска средина.

Во рамките на програмата, со придонес на партнерите CampusAI и LTT Sports, ќе бидат претставени современи пристапи и технолошки решенија за подобрување на искуството на навивачите со попреченост – од пристапот до билети, превозот и безбедносните процедури, до пристапноста на трибините, угостителските услуги, постапувањето во итни ситуации и безбедното напуштање на стадионот.

Реклама

Посебен акцент ќе биде ставен на примената на вештачката интелигенција, дигиталното учење и интерактивните аватари, кои се развиваат во рамките на проектот ELEVATE-SS како алатки за обука на редарите, безбедносниот персонал, службите за продажба на билети и персоналот задолжен за угостителските услуги во спортските објекти.

На форумот ќе бидат споделени и лични искуства и сведоштва на лица со попреченост и спортисти, со цел нивните реални потреби и предизвици да бидат во центарот на дискусијата. Дополнително, ќе бидат презентирани можностите што ги нуди DisTech, односно технологијата за лица со попреченост, за отстранување на бариерите и создавање подостапни услови за следење спортски натпревари.

Проектот ELEVATE-SS, финансиран од Европската Унија преку програмата „Еразмус+“, има цел да развие интерактивна дигитална програма за обука на персоналот во фудбалските клубови и на стадионите, со што ќе се придонесе за подобрување на пристапноста, безбедноста и целокупното искуство на навивачите со попреченост.

Форумот ќе започне со официјално отворање, на кое ќе се обратат претставници на Министерството за спорт, меѓу кои и министерот Борко Ристовски и на Романската фудбалска федерација, односно координаторот на ELEVATE, Флорин Сари.

Во продолжение ќе биде претставено „AccessibAll: од бариери до пристапен ден на натпревар“, со визуелно прикажување на патувањето на навивачот – од купувањето билет, превозот и влезот, преку безбедносната проверка и пристапот до седиштата и угостителските услуги, до постапувањето во итни ситуации и заминувањето од стадионот.

Потоа партнерите CampusAI и LTT Sports ќе ја презентираат примената на вештачката интелигенција и дигиталната обука во рамките на проектот ELEVATE. Предвидени се демонстрации на интерактивни аватари, учење засновано на сценарија и повеќејазична обука, како и прикажување на пример за тоа како дигиталното учење може да ги обучи вработените во обезбедувањето, редарската служба, продажбата и контролата на билетите и угостителските услуги.

По демонстрациите на DisTech, насловени „Пристапноста е за луѓето“, ќе бидат претставени три лични приказни и индивидуални искуства. Свои искуства ќе споделат Андреј Стојановски, пливач и учесник на Дефлимписките игри, Јована Трајчевска од Сојузот на слепи и лица со оштетен вид и Горан Спасов, кој се занимава со кошарка во колички.

Во рамки на форумот предвиден е панелот „Кој е одговорен за пристапен стадион?“, на кој ќе се разговара за предизвиците и решенијата за создавање пристапен стадион на иднината. На панелот ќе учествуваат Златко Трпевски, одговорно лице во Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје, Роберт Марковиќ, раководител за безбедност и интегритет во Фудбалската федерација на Македонија, и Ненад Монев, висок раководител за управување во фудбалот, со искуство во регулативите на ФИФА и УЕФА и меѓународните фудбалски операции.

Ќе се одржи и панелот „Како технологијата го менува животот на лицата со попреченост“, на кој ќе се дискутира дали спортот може да стане навистина пристапен и како технологијата, обучениот персонал, пристапната инфраструктура и личното искуство можат заеднички да придонесат за тоа. Учесници ќе бидат Ванел Тркаљанов, претседател на Комисијата за параалпско скијање при Националната скијачка асоцијација, Оливие Жарош, извршен директор на AccessibAll, Оливера Накова-Бикова, освојувачка на параолимписки златен медал, и Моника Бошкоска, претседателка на Специјална олимпијада Македонија.

Програмата ќе заврши со отворена дискусија „Од иновација до имплементација“, насочена кон конкретни следни чекори, примената на достапните технологии, понатамошниот развој на решенијата на DisTech и поддршката што обуката ELEVATE може да ја обезбеди за нивно воведување. Предвидени се и прашања и одговори со публиката.