Собраниската Комисија за финансирање и буџет, денеска, во 18 часот, по завршувањето на пленарната седница за поставување пратенички прашања, ќе ја продолжи амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година.
За предлог-буџетот за 2027 година се поднесени 400 амандмани. Повеќето од досега разгледаните амандмани се одбиени од владиниот претставник.
Амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 треба да заврши за два дена.

