Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Крај на неказнивоста, законот важи за сите а институциите постапуваат за разлика од времето на СДСM и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ доследно се залага за владеење на правото и целосна борба против…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ доследно се залага за владеење на правото и целосна борба против криминалот и корупцијата, без разлика на политичката припадност. СДСM не може да сфати кога МВР ќе уапси актуелен директор, затоа што на бандата на Заев и Филипче несфатливо им е законот да важи неселективно и да се применува подеднакво за сите, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ.

Секој којшто го прекршил законот мора да одговара.

Во однос на апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство ја поздравуваме акцијата на МВР и ова е порака за сите дека Уставот и законите мора да се почитуваат.

Реклама

Очекуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот, а секој за кој ќе се утврди одговорност да одговара согласно законите.

Во исто време, ја повикуваме јавноста да не подлегнува на непроверени и сензационалистички информации кои имаат за цел да нанесат штета на угледот на поединци и институции.

Во време на владеењето на СДСM и ДУИ јавноста беше сведок на бројни скандали и случаи со криминал и корупција што придонесе за пад на довербата во институциите и правниот систем. ВМРО-ДПМНЕ ја враќа довербата во институциите.

СДСM и ДУИ поради недостиг од транспарентност и отчетност придонесе во продлабочување на перцепцијата на неказнивост и зголемување на криминалот и корупцијата во секоја пора во општеството.

Времото на криминалот и криминалците заврши, а институциите се транспарентни и отчетни.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на поддршка на земјоделците преку конкретни мерки и политики кои ќе обезбедат развој и стабилност на секторот.