Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Корумпираниот и неспособен Заев ја турка Македонија во банкрот и сиромаштија

Владата на Зоран Заев го зголеми јавниот долг, кој се зголеми над…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на Зоран Заев го зголеми јавниот долг, кој се зголеми над 1 милијарда евра за само три месеци. Од 5,5 милијарди евра на крајот на првиот квартал се качи на неверојатни 6,5 милијарди евра заклучно со вториот квартал во 2020 година. Нема ниту капитални проекти, ниту пак некој ги видел тие пари, а дополнително на тоа Владата продолжува со ново задолжување од 38 милиони евра, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено реализацијата на капиталните инвестиции во првата половина на годината изнесува само 22,51%, односно нема реализирано ниту четвртина од планираното. Дополнително загрижувачки е фактот што индустриското производство достигнува двоцифрен пад од 15% во месец мај, односно 30% во месец јуни. Несериозниот однос на Владата резултира со над 30.000 граѓани кои што не ги зедоа априлските плати, а голем дел на граѓани останаа без работните места. Голиот популизам, манипулациите и “блескањето” резултираа и со поскапување на струјата од 7,5%, што ќе ги зголеми месечните трошоци на граѓаните кои и онака живеат во сиромаштија. Поради дефицитот на средства кој се предвидува за оваа есен, односно за периодот кога државата ќе нема средства да ги сервисира основните обврски, СДСМ и Зоран Заев смислија “брилијантен” план за ограбување на народот и поскапување на електричната енергија, која во сите европски земји ја задржа цената или беше намалена. Поради ваквите лоши политики, секое семејство во Република Македонија е задолжено за 2000 евра, а ситуацијата ќе оди само на полошо бидејќи ниту Владата, ниту СДСМ немаат план и стратегија за справување со економската криза, се вели во соопштението.

Потребни се стабилни, цврсти и промислени потези кои ќе ја стабилизираат состојбата и ќе ја издигнат македонската економија, а не политичари кои единствен спас за сопствените грешки наоѓаат во кражба на сопствениот народ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама