Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Контроверзниот бизнисмен Дака од црната листа на САД, на Заев му дал 300 илјади евра кои тој ги искористи за инженеринг на референдумот

СДСM се добро запознаени со контроверзниот проруски бизнисмен, Миодраг Давидовиќ – Дака,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM се добро запознаени со контроверзниот проруски бизнисмен, Миодраг Давидовиќ – Дака, човек на црната листа на САД поради сомнежи за корупција и злоупотреба на влијание на Балканот, вклучително и Македонија. СДСM знаат кои се фирми се поврзани со Дака и како се викаат фирмите во негова сопственост, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е така затоа што човекот со контроверзно минато бил бизнис партнер на нивниот претседател во сенка, Зоран Заев, кој сè уште ги влече конците во СДСM и управува со Венко Филипче.

Македонската јавност за постоењето на Давидовиќ – Дака дозна во времето на власта на Зоран Заев во 2020 година, кога на социјалните мрежи излегоа аудиоснимки за тоа како токму Заев зел пари за да се види со него и да направат некаков бизнис.

Реклама

На снимките се слуша Дака како вели дека на Заев му дал 300 илјади евра и 2.000 квадрати земјиште, за возврат да добие контра услуга. Понатаму во снимката, Дака вели дека Заев овие пари ги искористил за инженеринг на референдумот за името.

Во истата аудиоснимка, на која Дака разговара со главниот посредник во случајот, Зоран Милески Кичеец, освен името на Заев се слуша и името на Драги Рашковски, поранешен генерален секретар на владата на СДСM предводена од Зоран Заев.

Ова значи дека тогашната власт на СДСM многу добро била поврзана со контроверзниот проруски бизнисмен Дака, па дури и го рекетирале за да можат да спроведат инженеринг на референдумот за името.

Како добри познавачи на контроверзниот проруски бизнисмен Дака, на неговите бизниси и фирми, можеби затоа што постои веројатност нивниот шеф Заев со нив да соработувал и заработувал, им благодариме на СДСM што укажаа дека фирмата Хронос Сум била во негова сопственост.

Бидејќи ништо не е „како до сега“ како во време на власта на СДСM и Заев, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите правни механизми и ќе ги искористи сите законски можности оваа фирма, во сопственост на Дака, да не гради и инвестира во енергетски објекти и покрај тоа што ги исполнила условите.