Реклама

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колективни договори со 99% од јавните институции, реален раст на платите 2 години по ред, најниска инфлација во Европа и 8 квартали по ред економски раст од над 3% 

Политиката на СДСM и Филипче изминативе 2 години се темели на неколку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политиката на СДСM и Филипче изминативе 2 години се темели на неколку постулати, а тие се лаги, манипулации, ширење на паника и хистерија, создавање на хаос и секако, посакување да и се случи нешто лошо на Македонија за тие одма тоа да можат да го искористат за некаков ситен политички поен, кој се уште не сфаќаат дека не им го дава посакуваниот ефект, туку напротив, тонат се повеќе и стануваат полека но сигурно, маргинална партија, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСM и Филипче до пред само 2 години беа на власт во Македонија – 7 години. Заев, Ковачевски и Филипче ја уништија, посрамотија, потценија и потчинија државата на секаков можен начин.

Во делот на економијата, „експертите’’ од СДСM во 2024 година, кога ја напуштија Владата, ја оставија државата без пари, односно, Буџетот за 2024 година им беше испланиран точно до јуни месец, затоа што и самите знаеја дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, па не ги интересираше како граѓаните и Владата понатаму ќе се справуваат со празната државна каса.

Реклама

Неколку месеци вработени во Пошта, АД Водостопанство и Национални шуми не земаа плата. Земјоделците од 2021 година немаа земено субвенции и нивните продукти завршуваа на буниште. Платите растеа за 5% додека инфлацијата беше 15%, а пензиите расте за 180 денари годишно. Цената за струјата во нивниот мандат се зголеми за 50%. Јавниот долг отиде над 60%, или околу 9 милијарди евра, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да враќа долгови на владата на СДСM, секоја година до 2031 година, ќе враќаме над милијарда евра долгови наследени.

Направивме колективни договори со државните службеници сите годишно ќе добиваат повисоки плати, односно реален раст на платите, затоа што инфлацијата во Македонија е најниска во регионот. Имаме раст на БДП осум квартали по ред над 3%, последниот раст за вториот квартал беше 4,2% што значи дека успешно ги водиме економските политики, и затоа на СДСM им е криво, бидејќи тие не знаат како да водат држава, а не да не ја ограбат и опустошат.

ВМРО-ДПМНЕ и натаму ќе работи во интерес на граѓаните, со отворање на нови работни места, зголемени плати и подобар животен стандард.