Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Коларевиќ и Абази се продолжена рака на коалицијата СДСM и ДУИ,  правосудството не смее да биде штит за криминалот на СДСM и ДУИ

На граѓаните им е доста од обвинителства под политичка команда на политичките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На граѓаните им е доста од обвинителства под политичка команда на политичките партии СДСМ и ДУИ. Случајот „Мазут“ е доказ дека СДСМ и ДУИ со години го користат правосудниот систем за свој личен штит и заштита на криминалот и личните партиските интереси.

Случајот Мазут е доказ дека тандемот Коларевиќ и Абази се коалиција во обвинителството, како што се СДСМ и ДУИ во политиката.

Катерина Коларевиќ, моминско Маркова, ќерка на Павле Марков, државен правобранител избран од владата на СДСМ во 1998 година, и на Вера Маркова, уставен судија во 2004 година, избрана од коалицијата СДСМ и ДУИ. Фамилијарни кариери во обвинителството на услуга на СДСМ.

Реклама

Абази кој дојде на местото на Русковска во ОЈО ГОКК, комшија на Ахмети од Зајас, кој функционира на начин како што Али Ахмети ќе му каже.

Коларевиќ и Абази, застанаа цврсто во одбрана на криминалот на функционерите на СДСМ и ДУИ наречен “Мазут” вреден 167 милиони евра, и ги амнестираа Васко Ковачевски, Асмир Јахоски, Адријан Муча, Ратко Капушевски и Ерџан Сулковски без да ги спроведат во судница.

Што стои зад запирањето на постапката? Дали корупција, односно подмитување на обвинителите? Зошто Советот на јавни обвинители на Башким Бесими молчи и не бара и тој одговори за стопирањето на постапката?

Недозволиво е обвинители да се однесуваат како продолжена рака на политички центри на моќ. Недозволиво е институциите да ги игнорираат сомнежите, извештаите и информациите кои со месеци ја брануваа јавноста. Уште понедозволиво е јавноста да остане без одговор како и зошто е стопирана постапка за афера тешка 167 милиони евра.

Потребна е итна, независна и целосна истрага за сите аспекти на случајот „Мазут“, како и одговорност за секој што евентуално ја злоупотребил својата функција. Граѓаните заслужуваат правда, а не политички договори и институционален молк.

Времето на неказнивост мора да заврши.